На седум прашања поврзани со Ковид-19, ќе треба писмено да одговорат сите патници кои во Грција користат бродска линија подолга од половина час.

Во рамките на упатствата за превенција и спречување на ширењето на новиот коронавирус, Министерството за поморство и островска политика на Грција, воведе специјални прашалници кои патниците, пополнети треба да ги достават при влегувањето во бродот или траектот.

Прашањата се однесуваат на изминатите 14 дена, а патниците ќе треба да одговорат дали имаат/имале ненадејни симптоми со температура, кашлање или отежнато дишење; дали имале близок контакт со лице заразено со Ковид-19; дали се грижеле за лице заразено со Ковид-19, дали посетиле или биле на мало растојание со лице заразено со новиот коронавирус; дали патувале (со било кое превозно средство) заедно со лице заразено со Ковид-19; дали живееле во ист дом со заразен и дали работеле на мало растојание или биле во иста средина со лице заразено со Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.