Спасувачите трагаат по 30 лица кои се заробени во урнатините по страшниот земјотрес кој синоќа се случи во Источна Турција. Бројот на загинатите се искачи на 21, откако земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди ретко населениот источен дел од земјата. Повредени се над 1.000, според најновите податоци.

Спасувачките екипи од соседните провинции беа испратени во погодените области, работејќи во темнината со рефлектори, во услови на замрзнувачки температури.

Стотици жители останаа без покрив над главата или оштетени домови.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека работниците за итни случаи трагале по 30 лица заробени под урнатините.

Земјотресот се случи во 20:55 часот по локално време (17:55 GMT), на длабочина од 6,7 км (4,1 милји) во близина на градот Сивриче во Елазиг, соопшти претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби. После тоа следат неколку последователни потреси, најсилни со магнитуди 5,4 и 5,1.

Елазиг е околу 750 километри источно од главниот град Анкара.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.