Советот за безбедност при Советот на министри на Бугарија следната недела ќе разговара за потребата од анализа и ажурирање на целокупна политика на Софија кон Република Македонија, јави БТА.
Премиерот на Бугарија Стефан Јанев, денеска пред новинарите во Советот на министри, изјавил дека постојат теми што се на агендата на општеството и дека една од овие теми е потребата да се анализира и ажурира целокупната политика на Бугарија до Македонија.
Ова особено се однесува во делот на развојот на политичкиот процес во Македонија, но и на нашето политичко однесување и потрага по идни решенија во интерес на народите на двете земји, рече Јанев.
Според Јанев, предлогот е да се разговара за целокупната политика на Бугарија кон Македонија, без да се излага од рамката усвоена од бугарскиот парламент.
Целта е да се бараат практични решенија што ќе дадат појдовни точки во надворешната политика на Бугарија, така што таа ќе биде разбрана меѓу нејзините сојузници во ЕУ и ќе има стабилни пораки и решенија во интерес на нашиот национален интерес, рече Стефан Јанев, пренесува БТА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.