Советот за безбедност на ОН вечерва едногласно усвои резолуција за продолжување на мандатот на ЕУФОР, во која не се споменуваат ОХР и високиот претставник.
Во седиштето на ОН во Њујорк започна седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ.
На почетокот на средбата беше усвоен дневниот ред за денешната расправа.
Потсетуваме, по неколкудневна расправа во Советот за безбедност, беше договорена резолуција според која Кристијан Шмит нема да зборува пред Советот за ситуацијата во БиХ, а ОХР нема да биде спомената во конечната верзија за продолжување на мандатот на ЕУФОР во БиХ, кој истекува во петок, 5 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.