Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник Мујеци и четворицата други осомничени, од кои уште еден косовски и тројца албански државјани, полицијата пронашла 11.300 таблети екстази ми, чија пазарна вредност се проценува на околу 400. 000 евра.
Албанската полиција соопшти дека, во рамки на акција именувана како „Панишер 2“, спомената група била уапсена по неколкумесечна истрага, а апсењето се случило претпладнево во центарот на Тирана.
Според полицијата, осомничените ја користеле туристичката сезона за испраќање на пратките со автобуси на релацијата Приштина-Тирана, по што со изнајмени возила. Дрогата била пренесувана низ Тирана и други, главно приморски, градови низ Албанија.
Партијата на Курти, која во општина Приштина е во опозиција, соопшти дека покренала дисциплинска процедура против Мујеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.