Радован Ковачевиќ, советникот на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, смета дека состанокот на членовите на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ со претставниците на здружението на генерали на Босна и Херцеговина е доказ дека повторно размислуваат за војна.
Двата члена на Претседателството на БиХ, Комшиќ и Џаферовиќ, се сретнаа вчера со претставници на здружението на генерали на БиХ, кои во таа прилика наведоа дека се во полн капацитет се ставаат на располагање на институциите на БиХ, односно на Претседателството.
Тука не станува збор за никакви генерали на БиХ, станува збор за офицери на поранешната „Армија на Република БиХ“, една од војските кои постоеја за време на војната и беше една од трите завојувани страни на крвавата граѓанска војна – изјави Ковачевиќ.
Тој потсети дека луѓето кои биле повикани во Претседателството на БиХ биле дел од тие воени формации.
Ковачевиќ истакна дека тоа би требало да го видат сите и од меѓународната заедница кои постојано ја обвинуваат Република Српска и го обвинуваат третиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик дека наводно предизвикува некакви конфликти и дека Република Српска е наводно некаква закана по мирот и стабилноста.
За разлика од оние кои седат со некакви, таканаречени, генерали, Милорад Додик се бави само со тоа како да го почитува уставот на БиХ и како БиХ да се врати во уставните рамки на важечкиот устав на БиХ, притоа истакнувајќи дека мирот е клучна и најзначајна вредност за Република Српска – истакна Ковачевиќ.
Тој истакна дека е многу важно ваквите постапки на Џаферовиќ и Комшиќ најстрого да бидат казнети бидејќи повторно тропаат со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.