Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) денеска соопшти дека распоредила засилување и оти е кренато нивото на тревога на грчко-турската граница, додека илјадници мигранти се собираат на границата на Грција.
„Од Грција добивме барање за дополнителна помош. Презедовме чекори за распоредување дополнителна техничка опрема и агенти во Грција“, се вели во соопштението на портпаролот на Фронтекс во Брисел.
Фронтекс, како што се посочува, го подигнал степенот на предупредување за сите граници кон Турција.
Соочен со пристигнувањето на илјадници мигранти во границите на Грција, премиерот Киријакос Микотакис за денеска во 18 часот свика состанок на Советот за надворешни работи и одбрана на грчката Влада.
Приливот на мигранти уследи по најавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека ќе ја отвори границата и ќе им дозволи на мигрантите да влезат во Европа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.