Сослушан убиецот од Нов Сад: Бев во кафеана, па потоа цел бес го истурив врз сопругата

Горан Јанковиќ кој денеска беше уапсен поради сомнение дека со чекан ја убил својата сопруга Мирјана, нејзината мајка Нада и татко ѝ Бранисла Пајиќ, сослушан е во полиција во Нови Сад, а како што пишува Курир.рс го признал злосторството.

Јанковиќ за време на сослушувањето бил ладен и смирен, што ги изненадило полицајците. Во ниту еден момент не покажал каење.

Се изнервирав кога сопругата на 11. мај ме пријави за насилство. Не можев никако да се помирам со тоа, па почнав и да пијам. Ноќта пред злосторството бев во кафеана. Дома се вратив во околу 4 утрината, а се разбудив во околу 5 ипол. Нешто ми кврцна во главата и одлучив да одам кај жената со намера да ѝ се одмаздам – рекол Јанковиќ.

Тој признал дека бабата ја убил со чекан, а дека сопругата прво ја тепал и давел.

Целиот бес го искажав врз неа – додал монструмот.

Исто така рекол дека свесно се криел и дека немал намера да се предаде на полицијата.

Размислував како да преминам граница. Тоа ми беше целта. Сакав да си заминам одовде да се соберам – изјавил Горан, пишува Курир.рс

Тој беше уапсен денеска после тридневна потрага по него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.