Корона вирусот удри силно врз Македонија, имајќи ги во предвид здравствените биланси кои воопшто не се охрабрувачки. На сто илјади жители од Корона вирусот во Македонија, починале два и пол пати повеќе отколку, на пример во Србија. Првите вакцини во Македонија би требало да пристигнат во март и тоа преку програмата за меѓународната дистрибуција на вакцини “Ковакс”, а до тогаш… До тогаш сепак Македонија ќе може да направи нешто важно, со што би ја ублажила неповолната слика, односно конечно да почне да се пресметува со вирусот, многу порано отколку очекуваното.

За “убавата и среќна вест” како ја нарече Зоран Заев, се потруди Србија. Односно од Вучиќ претседателот на Србија, Заев доби “муштулук” во вид на 8.000 “фајзерови” вакцини кои Србија успеа да ги набави порано. Тоа ќе биде фер, соседска спогодба, али тоа што е најбитно, таа доаѓа во вистинско време. Ќе овозможи Македонскиот здравствен систем да не чека до далечниот март, туку ќе може да почне веднаш со вакцинација на здравствените работници, повозрасната категорија и ризичните групи на граѓани.

Има ли во денешно време поубедлив доказ за пријателство и соработка, од меѓусебната соработка во трка за поголема количина на боци со вакцината? Ова е без размислување најкруцијалната задача и работа на секоја Влада и на оние најбогатите и најмоќните, како и на оние сиромашните и малите. Ова одлично го знаат во Белград, каде Ана Брнабиќ како прва Европска премиерка ја прими вакцината, а борбата за набавка на повеќе вакцини е нејзин приоритет и секојдневие. Сите политики кои не се однесуваат за вакцините или контингентите, се од секундарна важност и може да почекаат. Затоа потегот на Белград и Вучиќ не се само симболичен гест на пријателство и добро соседски односи, туку директна поддршка на една Влада и нејзиниот народ, за да може што поскоро да ја преброди кризата, во која сме и ние, како нивни соседи.

Сепак да не остане вака идилично, се потрудија критичарите на Вучиќ во Србија, барајќи дури и во оваа одлука некоја мана. Се подразбира, најдоа неколку мани. Највеќе се однесуваат за количината на отстапените вакцини, во смисла на тоа дека 8.000 дози од вакцината не се ништо, туку капка во море и нормално само прилика за маркетинг на Вучиќ. Меѓутоа тие 8.000 дози од вакцината, ќе бидат доволни за вакцинација на сите македонски доктори во примарната здравствена заштита и скоро уште половина од сите медицински сестри и техничари. Тоа ќе биде доволно да најголемиот и најризичниот дел од здравствениот систем преку ноќ се заштити од Корона вирусот и Македонија преку ноќ ќе го отргне од глава, еден од најголемите здравствени проблеми со кој некогаш се соочила. Понатаму критичарите наведуваат дека со оваа постапка Вучиќ му наштетил на нашиот здравствен систем, односно дека не е време за галантно делење на вакцини, кога и самите ги немаме доволно. Тука нема место за коментар, имајќи предвид дека очигледно станува збор за тажни луѓе, кои никогаш во својот живот не позајмиле сто грама кафе на својот сосед, ниту пак дете на некој сосед пуштиле во својот двор да се напие вода од чешмата.

Најголемата злоба, сепак за жал доаѓа од оние кои премолчија на оваа српско-македонска епизода, иако беа должни да се јават и истата да ја поздрават. Од оние од кои за Балканот, со години пишуваат и говорат, без притоа да имаат допир со реалниот живот и потребите на луѓето тука, оние кои Балканот го гледаат како простор на скарани држави и уште повеќе скарани народи. Затоа постои голема веројатност, односно може да претпоставиме дека оваа испорака на 8.000 дози од “фајзер” вакцините измеѓу Србија и Македонија, нема да се најде во следниот извештај на Европската комисија во оделот на регионална соработка. Во извештајот ќе има “поважни” теми отколку оваа “ситница” без разлика што таа може да донесе преокрет во Македонската борба против Корона вирусот.

Испораката на вакцини во Скопје, сигурно нема да се најде во десетиците извештаи за Србија, Македонија и Балканот, кои во текот на годината ќе излезат од многу бројни Европски институти и “think-thank” од причина што за жал и тие ќе проценат дека е тоа некој “PR на Вучиќ” или настан без значење, кој не е важен за да посветат внимание. Посебно поради тоа што Српската поддршка на Македонците воопшто не се вклопува со сета онаа слика што досега ја имаат опишувано за Балканот, а врз основа на која имаат изградено кариера и заработено пари. А тоа е безнадежна и мрачна слика на заостанатите и непомирливи Европјани од друга категорија, кои на своите соседи им мислат само зло. Боците со вакцини кои ќе патуваат од Белград за Скопје, го рушат нивното животно дело, а тоа не смее да се дозволи затоа-молчење.

Товарот со “фајзер” вакцините симболично и фактички направи неспоредливо повеќе за Европската иднина на Балканот, отколку безличните и неплодните томови студии, извештаи и препораки за регионот, кои некогаш се излезени од овие квази-научни и пара-политички лаборартории ширум Европа. Работата е во тоа дека и Заев истото би го направил за Србија, ако ситуацијата беше обратна. Работата е во тоа дека Вучиќ правилно и прагматично проценил дека епидемиолошката слика на Србија може да се смени на подобро, само доколку нејзините соседи одат чекор по чекор заедно со неа, бидејќи борбата против Корона вирусот мора да биде преку границите, за да биде успешна. За Србија е од животна важност, да го искорени вирусот, меѓутоа дали ќе биде задоволна доколку мора да ги затвори границите со соседите, од причина што вирусот сеуште коси кај нив?

Овде станува збор за промислена, во вистинско време донесена ефикасна одлука, која на Балканот одамна не е видена, доколку некогаш е нешто слично воопшто направено. Од отсуство на ефикасен меѓународен систем за сузбивање на пандемијата, еден сосед и пријател се најде да помогне, не само симболично, туку суштински и тоа во вистинско време. Не барајќи ништо за возврат, бидејќи многу добро знае дека соседската помош значи помош на самиот себе. Добра лекција за многумина на Балканот, а уште повеќе за “загрижените” Европјани.

Автор: Д-р Орхан Драгаш, директор на меѓународниот институт за безбеднтот

Текстот е превземен од српски Блиц

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.