На територијата на Австрија е спроведена полициска акција во која е уапсен Дарио Ѓорѓевиќ – Декстер, високопозициониран член на „кавачкиот клан“ и близок соработник и пријател на Вељко Беливук.

Како што објавуваат српските медиуми, српското пбвинителство го сомничи Декстер за организација на најмалку три ликвидации во Белград.

Во моментот на апсењето, кај Ѓорѓевиќ биле пронајдени 10 килограми хероин, како и фалсификувани документи.

Лоцирањето и апсењето на Декстер било изведено во координирана акција изведена врз основа на оперативни информации на припадниците на МВР на Србија и Безбедносно-информативната агенција (БИА).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.