„Со длабока загриженост и тага ја следам трагедијата што се случи во тетовската болница. Исклучително сериозен и вознемирувачки настан, особено за бројот на пријавени жртви“, напиша албанскиот претседател Илир Мета на социјалните мрежи.
Тој изрази искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и, како што напиша, ја споделува големата болка со нивните семејства.
„Ви посакувам што побрзо заздравување на повредените!
Изразувам целосна солидарност со државните органи на Македонија, кои вложуваат максимални напори да спасат што е можно повеќе животи и да ја стават ситуацијата под контрола. Моите мисли и молитви се со Тетово!“, додава Мета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.