Сочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Македонија по синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, изразија, преку „Твитер“ од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
-Нашите мисли се со жртвите од ужасниот пожар во болничката единица во Тетово и со сите погодени од оваа трагедија. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите и нашата солидарност до народот и Владата на Македонија, напишаа од грчкото МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.