Во словенечкото Собрание почна собраниската седница на која ќе се расправа и одлучува за премиерскиот мандат на Јанез Јанша, јави дописникот на МИА.
На почетокот се обрати претседателот на Словенечка демократска партија и предложен мандатар Јанша. Тој пред пратениците ја претстави програмата и приоритетите на новата Влада, но и го обвини премиерот во оставка Марјан Шарец за политичката криза во земјата.
Со неговата оставка тој е виновен за кризата во земјата. Во моментов Словенија се соочува големи проблеми кои не се само од материјална природа. Коалицијата ќе се занимава со работи кои не обединуваат. Словенија може многу повеќе од тоа што сега го прави, може да достигне многу повеќе, а за тоа да не се потребни многу пари – кажа Јанша на седницата.
Според предвидувањата седницата во Собранието ќе трае цел ден, а ќе финишира со гласања. На коалициските партнери предводени од СДС им се потребни најмалку 46 гласови. Според досегашните информации веќе имаат 48.
Доколку Јанша биде изгласа за нов мандатар ќе има рок од 15 дена да ја состави новата словенечка влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.