Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека во земјата има 26-процентно неделно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 поради што повеќето од неопходните епидемиолошки мерки ќе продолжат да важат до крајот на март.
Сепак, од Штабот соопштија дека ќе бидат овозможени спортски натпревари на отворено.
До 31 март ќе важат мерките за забрана за собирање на повеќе од 25 лица на едно место, а на приватни собири најмногу 10 лица од две семејства.
Јавните собири можат да траат најдолго до 22 часот, до кога може да работат и пекарите, а забраната за продажба на алкохол е во сила од 22 часот.
Работното време на угостителските објекти е ограничено до 22 часот, а свадбите сè уште се забранети.
Спортски настани, натпревари и тренинзи можат да се одржат само без публика и со строго почитување на сите пропишани епидемиолошки мерки и посебни препораки и упатства од Хрватскиот институт за јавно здравје.
Меѓу другото, се препорачува верските обреди, секогаш кога е можно, да се пренесуваат преку радио, ТВ програма или на друг начин кој ќе овозможи присуство на верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.