Словенец е обвинет за обид за труење со крофни на неговата поранешна партнерка и нивната шестгодишна ќерка.

Како што објавија словенечките медиуми, 32-годишниот Лука Влаовиќ е во притвор од 7 октомври, а притворот му е продолжен до 6 јануари, поради опасност од повторување на кривичното дело.

Влаовиќ е обвинет за два обиди за убиство, за што му се заканува затвор од најмалку 15 години. Исто така, му се заканува парична казна или казна затвор до шест месеци за закана.

Полицијата соопшти дека тој од порано е во нивната евиденција за насилни кривични дела, како и за обид за убиство, па затоа е наложена полициска заштита за двете жртви, сè  додека 32-годишникот не биде однесен во затвор.

Осомничениот им рекол на истражителите дека супстанцата којашто го предизвикала труењето е лек наменет за негова лична употреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.