Облечени во исти тренерки, со торбици и две топки во рацете, преправени во одбојкарски тим, 10 лица, бегалци од Сирија, со украдени пасоши се обиделе авионски од Грција и да стигнат во Цирих, jави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштуваат дека на атинскиот аеродром, биле уапсени 10 лица, кои со оригинални странски пасоши, но издадени на други луѓе и пријавени за изгубени или украдени, се обиделе да патуваат во европска земја.
За да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, дојдоа заедно, облечени во исти спортска облека за да личат на одбојкарски тим, со исти спортски ранци, како и со две одбојкарски топки. Меѓутоа, при извршената полициска контрола, беше констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб и нивната цел беше да се нелегално да ја напуштат нашата земја, користејќи ги горенаведените патни исправи – соопштуваат од грчката полиција и додаваат дека уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.
Потпретседателот на сојузот на полициски службеници од областа југоисточна Атика, Илиас Вредас, преку неговиот Фејсбук профил, упати честитки до неговите колеги и откри дека десеттемина бегалци од Сирија, имале оригинални украински пасоши, а нивната крајна дестинација била Цирих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.