Српскиот државјанин Фахрудин К. (30), кој беше уапсен доцна синоќа во Германија под сомнение дека држел заложници во автобусот на „Ласта“, бил сослушан во текот на ноќта, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија.
Медиумите јавија дека српски државјанин бил уапсен по четиричасовна блокада на автопатот меѓу Хилполштајн и Грединг, бидејќи, зел како заложници тројца возачи.
Претходно, во автобусот, кој патувал за Србија, дошло до тепачка во која маж и жена се полесно повредени. Според медиумите, поради конфликтот, автобусот застанал во коловозната лента на автопатот, по што пристигнала пријава дека во возилото има вооружен маж.
Човекот во автобусот тврдеше дека има пиштол и дека ќе ги убие сите. Имаше физичка пресметка помеѓу неколку патници и двајца беа полесно повредени, објави полицијата доцна синоќа.
Според последните информации, Фахрудин К. ќе одговара за убиство во обид.
Се уште не е познато што рекол тој на сослушувањето, ниту каква е неговата психичка и физичка состојба.
Откако го запреле возилото, патниците успеале да избегаат од автобусот, а тројца возачи и осомничени останале внатре. Полицијата потоа го блокираше автопатот и испрати специјални единици на местото на настанот за да преговараат со осомничениот. Медиумите пренесуваат дека преговорите биле тешки бидејќи речиси никој од луѓето што биле во автобусот не знаел германски.
Утрово полицијата не сакаше да потврди дали уапсениот се товари за киднапирање. Тие изјавија дека автобусот бил претресен и дека во него не било пронајдено оружје. Портпаролот на полицијата изјави дека осомничениот бил уапсен синоќа околу 21.30 часот, и дека не пружил отпор при апсењето.
Драмата со автобусот од Србија на автопатот А9 во Германија, полицијата утрово ги објави деталите за истрагата за инцидентот во кој српски државјанин наводно зел заложници тројца возачи, пренесува Дојче веле.
Осомничениот е уапсен синоќа по голема полициска акција на автопатот А9 јужно од Нирнберг, а утрово бил испрашуван, изјави портпаролот на полицијата, прецизирајќи дека 30-годишникот „им се заканувал со смрт“ на патниците од туристичкиот автобус и „најверојатно зел заложници тројца возачи“. Според полицијата, расправијата во автобусот од Србија се случила вчера попладне. Белградските медиуми објавија дека се работи за возило на „Ласта“.
Неколку десетици специјалци на германската полициска единица СЕК излегле на местото на настанот, и додека автопатот бил блокиран во двете насоки неколку часа, полициските службеници воспоставиле контакт со возачите преку мобилен телефон. Ројтерс пренесува дека три детонации се слушнале околу 21.25 часот – што не е наведено во полицискиот извештај.
Драмата завршила околу 21.30 часот, а осомничениот е уапсен „без отпор“. Засега полицијата не дава никакви дополнителни информации за случајот, не е познато дали бил вооружен, бидејќи не било пронајдено оружје во негова близина или во автобусот. Не е познато дали возачите навистина биле земени како заложници, а нема информации за психолошката состојба на напаѓачот, како и за можните мотиви за нападот. Според полицијата, истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.