Дваесет и четиригодишниот Милош, студент од Чачак, бил убиен откако со нож бил избоден по рацете и градите, пренесува „Курир.рс“.
Милош се враќал од домот на својата девојка, кога бил нападнат.
– Наводно, претходно се слушнало како Милош му вели „Немој, брате“. По нападот, тој успеал да отиде до влезот на зградата, дури го ставил и клучот во бравата, но потоа ја изгубил свеста – рекол извор од истрагата.
Криците на Милош по нападот, ги слушнала целата зграда.
– Тој беше многу фин и воспитан. Живееше со цимер на првиот кат и имавме впечаток дека се пристојни млади луѓе – изјавиле соседите за медиумот.
Таткото на Милош бил хирург, а неговата мајка стоматолог. Неговата сестра студирала во Белград.
Неофицијално, убиениот бил член на навивачка група на Партизан, па се проверува кој е мотивот поради кој е нападнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.