Секретарот на Автомото Сојузот на Србија, Предраг Ѓурѓев кој со повеќе куршуми го уби директорот на претпријатието Мирко Бутулија, непосредно пред злосторството се скарал со друг вработен.

Ѓурѓев се скарал со еден вработен, кога Бутулија се вклучил во расправијата во обид да ги смири вработените и да арбитира. Меѓутоа тогаш, Ѓурѓев извадил пиштол и го изрешетал Бутулија.

Ѓурѓев во Бутулија испукал неколку куршуми во градите и главата, за потоа да седне во неговата фотелја и со испукување куршум во себе си пресуди самиот.

Ѓурѓев починал на самото место, а Бутулија подлеганал на повредите во болница после обидот за реанимација.

Инаку Мирко Бутулија бил почитуван бизнисмен, еден од најуспеѓните директори на АМСС во историјата на овој сојуз. Зад себе остави 4 малолетни деца. Тој бил и претседател на ракометниот клуб Црвена Ѕвезда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.