Владата во Словенија одлучи дека негативните резултати од брзото испитување на антигенот на ковид-19 повеќе не се критериум за избегнување карантин при влез во земјата.
Надлежните служби известуваат дека оние што доаѓаат во Словенија, исто така, можат да избегнат карантин доколку обезбедат доказ дека биле вакцинирани против ковид-19 или дека се опоравиле од болеста во последните шест месеци.
Негативен резултат на брз тест не постар од седум дена останува валиден како доказ за влез во Словенија без карантин за оние кои ја минуваат границата секој ден за работа или училиште и се постари од 13 години.
На сопствениците на земјиштето исто така повеќе нема да им треба таков доказ за да извршуваат земјоделски работи преку границата без пречки, под услов да се вратат во земјата во рок од десет часа, соопштија агенциите во оваа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.