Новата учебна година во Хрватска, започна за нешто помалку од 460 илјади ученици, а часовите, во зависност од епидемиолошката состојба, ќе се одвиваат според три модели развиени од Министерството за наука и образование.

Министерот Радован Фус во гостување на ХРТ, оцени дека почнува најнеизвесната учебна година.

Осум училишта почнаа со онлајн часови, две училишта го одложија почетокот на наставата, а остатокот ќе започне според моделот Б или Ц. Моделот Б е мешан во кој дел од наставата се изведува во училница, а другиот дел од учениците се дома и следат настава со дигитални материјали. Тие деца ротираат подоцна, рече министерот, додавајќи дека моделот Ц е тој во кој сите деца следат настава од дома.

Тој додаде дека моделот Ц е најнеповолен, но дека за моделите ќе се одлучува во зависност од епидемиолошката состојба во одредено место или жупанија.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ им посака среќен почеток на учениците со порака дека училиштето е најважно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.