Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе се доставени во грчкиот Парламент и откако ќе ги поминат предвидените процедури, ќе треба да бидат ратификувани.

ЕУ перспективата на Македонија, македонско – грчката економска соработка и надгледувањето на воздушниот простор пред Парламентот.

Трите предлог закони, непосредно пред работната дводневна посета на премиерот на Македонија на Грција и средбите со грчкиот државен врв, беа доставени до Парламентот, а дописничката на МИА од Атина, ја пренесува нивната содржина.

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања Бујар Османи.

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Надзорот ќе го вршат авиони Ф-16 и М-2000 од грчкото Воено воздухопловство.

Согласно доставените документи во грчкиот Парламент, процените се дека надзорот на нашиот воздушен простор од грчките воени авиони, Грција ќе ја чини 35.255 евра годишно за одржување, гориво, и слично, од кои 12.950 евра се за Ф-16, а 22.305 евра за М-2000.

Предлог законот за надзор на воздушниот простор е потпишан од министрите за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Трите предлог закони се и првите што доаѓаат во грчкиот Парламент по промената на власта во Грција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.