Во Босна и Херцеговина е потврден првиот случај на коронавирус, а набргу потоа и вториот. Според регионалните медиуми, болните се во Република Српска, а тоа во меѓувреме го потврди и тамошното Министерство за здравство.
Првиот случај е човек кој работел во Италија, а заразен е и неговиот син, кој оди на училиште.
Според порталот „Кликс“, човекот е сместен во Универзитетскиот клинички центар на РС и е во добра состојба.
Имал блага температура, а неговата сопруга и синот живееле во Бања Лука. Властите соопштија дека заразениот контактирал со службите во согласност со правилата.
Пациентот во моментов е во изолација. Синот се чувствува добро, а сопругата е тестирана, но не е позитивна. Како што објаснија здравствените власти, тестирани се и сите лица кои биле во контакт со првиот пациент.
„Кликс“ додава дека во училиштето кое го посетувал синот се спроведуваат мерки за хигиена. Учениците од прва смена се вратени дома и наставата е откажана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.