Коронавирусот во Србија, од почетокот на епидемијата се досега е регистриран кај 323.367 лица, а забележани се 2.983 смртни случаи, покажуваат податоците од сајтот Ковид 19.рс
Во текот на претходниот ден во Војводина биле регистрирани 664 нови случаи, а најмногу новозаразени забележани се во Нови Саф, 196 соопшти Институтот за јавно здравје на Војводина.
Најголем број активни случаи има во Нови Сад – 11.478, потоа Зрењанин со повеќе од 3.300, Панчево со повеќе од 2.600, Суботица со повеќе од 1.900, Бачка Паланка со повеќе од 1.000 регистрирани случаи.
Институтот предупредува дека здравствениот систем и понатаму е во исклучително тешка ситуација.
Премиерката Ана Брнабиќ оценила синоќа дека е реално во јануари да пристигнат милион вакцини против коронавирус и изразила уверување дека до половината на 2021 година ќе бидат вакцинирани голем број граѓани на Србија. Таа во интервју за Курир.рс рекла дека на 4. јануари ќе стигне вакцината на Фајзер-Бионтек и најавила скоро поставување на кол-центар за пријавување вакцинација.
Изразила голема благодарност до Фајзер затоа што покажале сериозност и затоа што мала земја како што е Србија е една од првите кои потпишале договор со нив.
Запрашана дали најавените милион вакцини во јануари се реална бројка, таа одговорила: „Апсолутно“.
Објаснила дека таа и претседателот Александар Вучиќ се договориле дека треба меѓу првите да ја примат вакцината за да бидат пример дека вакцината е безбедна.
Се договоривме дека ќе се вакцинираме со различни вакцини. Јас чувствувам дека е тоа моја обврска, да дадам пример на сите граѓани на Србија, а претседателот Вучиќ ќе се вакцинира со следниот произведувач кој ќе стигне во Србија – рекла премиерката.
Нагласила дека Србија е трета земја во Европа која започнала со вакцинација и дека вакцинацијата во геронтолошките центри се одвива одлично.
Запрашана дали е реално да се очекува дека околу 100.000 вработени во здравството ќе бидат вакцинирани во јануари, Брнабиќ рекла дека се очекува од Фајзер многу повеќе отколку што е планирано, дополнителни 16.000 вакцини, како и дека се очекува и руската вакцина „Спутњик“ и кинеската „Синовак“ да пристигнат во големи количини.
Според неа до средината на 2021 голем број граѓани ќе бидат вакцинирани.
Во наредните денови ќе отвориме контакт центар за луѓето да се пријават преку телефон или меил дека се заинтересирани, за да знаеме колкав ќе биде бројот. Тоа ќе го отвориме во првата недела на јануари – рекла Ана Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.