Пожарникари повеќе од два часа се обидуваат да го извадат телото на настраданиот пилот Владимир Булат(47) од остатоците на авионот Злин 526 Ф, со кој при падот, се зарил дури два метра под земја.
Глетката на местото на страшната несреќа е стравична. На сред полјаната се гледаат делови на остатоците на авионот, како и дека од силината на ударот се зарил во земја.
Како што јавува РТС на лице место стигнала и градежна машина која би требало да го извлече авионот.
До несреќата дошло додека Булат, кој инаку е претседател на Аероклубот Зрењанин, изведувал акробатски лет.
Истрaгата е во тек и таа треба да утврди дали во прашање е механички проблем или погрешна проценка на пилотот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.