Црногорската влада утврди измени на Законот за данок на добивка со кој се предлага премин од пропорционално во прогресивно оданочување, со што би се зголемиле буџетските приходи за приближно 25 милиони евра.
Со овие измени се предлага премин од пропорционално (даночна стапка од девет проценти без разлика на висината на оданочливата добивка) кон прогресивно оданочување на приходите на претпријатијата во зависност од висината на оданочената добивка, по стапки од 9, 12 и 15 проценти – истакнаа од црногорската влада.
Според новото законско решение, микро и малите компании, кои сочинуваат повеќе од 90 отсто од компаниите во Црна Гора и остваруваат добивка до 100 илјади евра, ќе имаат исто даночно оптоварување на добивката од девет отсто.
И пред неколку години во земјава беше актуелна одлуката за воведување на прогресивен данок на личен доход, меѓутоа подоцна владата се предомисли и ја одложи примената на ваквото оданочување за 36 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.