Неуспехот на партијата победник на јулските предвремени парламентрани избори во Бугарија, „Има таков народ“ (ИТН) да обезбеди мнозинство за избор на нов владин кабинет и можноста за одржување трети парламентарни избори годинава, во Скопје се оценуваат како обесхрабрувачки вести за можноста за деблокада на евроинтеграцискиот пат на земјава.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оцени дека ваквите вести од Бугарија не се охрабрувачки и истакна дека продолжува комуникацијата на ниво на министерства за надворешни работи, иако очигледно ќе биде потребно формирање политичка влада во Софија за надминување на разликите и деблокада на евроинтеграциите.
– За жал не се охрабрувачки вестите што доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива. Ние бевме во очекување дека по овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение, изјави Османи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.