Голема трагедија во Хрватска се случи во понеделникот во вечерните часови, кога животот во Задар го загубија двајца млади спортисти, Јосип Бепо Кадија и Јосип Бркљачиќ, откако со автомобил „ауди“ излетаа од патот и завршија во морето.  Се спасил само нивниот другар кој исто така бил во возилото.

Зад воланот бил Јосип Бепо Кадија кој имаше 19 години и беше талентиран ракометар на Загреб, додека 16-годишниот Бркљачиќ играше фудбал за екипата ХНК Примор од Биоград.

И безбедносните камери од брод го фатија трагичниот момент во кој се гледа како автомобилот вози со голема брзина и истиот влета во морето.

Тие не биле сами во автомобилот, несреќата ја преживеале нивни двајца пријатели, а на видеото се гледа како маж и жена, но и еден човек на велосипед во последен час ја избегнуваат несреќата. Од сопатниците, едно од момчињата е потешко повреден, а другото е надвор од животна опасност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.