Во Сплит ноќеска дувала најјаката бура во историјата на метероролошките мерења на Марјан. Биле забележани удари од 176 km/h (48,9 m/s), што е и најголема брзина на ветер измерена во Сплит.
Просек на ударите од ветар во тие моменти биле оркански 118 km/h (33 m/s). Бурата на Марјан корнела дрвја како на шега.
Поради орканската бура на јадранското приморје, затворени се за сообраќај тунелот Свети Рок и мостот „Фрањо Туѓман“ кај Дубровник.
Затворен е и автопатот Риека – Загреб и државниот пат Масленица – Затон Обровачки.
За товарни возила затворен е патот Солин – Клис, пренесува Далматински портал. Затворена е и Јадранската магистрала меѓу Нови Винодолски и Сењ, а и Пашкиот мост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.