Грчкиот Парламент вечерва го одобри протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 153 пратеници од грчкото Собрание – исто колку што гласаа и за ратификација на Преспанскиот договор, со кој Република Македонија се преименува во Република Македонија.

Преостанатите држави членки на НАТО допрва треба да го ратификуваат протоколот, но според Преспанскиот договор се бараше Грција да биде првата која што ќе го стори тоа, и со ратификацијата практично започнуваат обврските и на Македонија за преименување на државата.

Грчката опозициска партија Нова Демократија гласаше против протоколот. Според лидерот на оваа партија Киријакос Мицотакис, ова е последниот чекор кој води кон ослабнување на грчките национални позиции и ќе го имплементира договорот за кој рече дека е штетен за грчките интереси.

Мицотакис најави дека Нова Демократија, за која се очекува лесно да победи на претстојните есенски избори во Грција, ќе го блокира приемот на Македонија во Европската унија, независно од Преспанскиот договор.

Премиерот Ципрас, пак, за време на тензичната дискусија во Парламентот, оцени дека историјата ќе му суди за тоа што го сторил. Според него, потпишувањето на договорот е патриотска должност. Ципрас воедно ги отфрли повиците на Мицотакис да се одржат предвремени парламентарни избори на кои грчките граѓани би добиле можност да кажат што мислат за овој договор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.