Снимката, на која се гледа како рускиот разузнавач Георгиј Клебан подмитува српски безбедносен службеник, најверојатно ја објавила американска служба, јавуваат српските медиуми.
Како што се наведува, имало над 50 обиди снимката да биде пуштена во јавност, но руските служби секој пат го спречувале тоа.
Секој од сајтовите што ја објавувал снимката бил соборен во рекорден рок – тврди извор за Блиц.
На видеоснимката, која е постирана и на Јутјуб, се гледа средба на двајца мажи на паркинг во Земун.
На едниот од нив лицето му е заматено за да му се заштити идентитетот и за него се тврди дека е српски службеник, а другиот, кој му ги дава парите, е Георгиј Клебан, потполковник на руската војска што бил помошник на аташето за одбрана во руската амбасада во Белград, но од таа позиција бил одјавен во јуни годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.