Најновата снимка од плажите на Кипар, каде во близина на лежалки се гледаат две змии, ги запрепасти сите. Додека многумина се загрижија што може да ги снајде на летувањето, изгледа дека немаат многу простор за грижа, барем не онолку колку што се претпоставуваше. Се поставува прашањето што прават змиите на снимката и колку всушност претставуваат опасност. Некои сметаат дека овие влекачи се во љубов, додека други мислат дека се борат.

Анализата покажува дека дека тие се борат, односно се замотуваат една околу друга како би се видело кој е посилен. Интересно е што вака можат да се борат со часовии, се додека една змија не се исцрпи, осети дека не може да победи во дуелот и заминува.

Инаку на снимката змиите се терки, неотровни. Нивниот плен се стаорци и не претставуваат опасност по луѓето. Сепак стравот од змии, па и неотровни е голем и препорачливо е да внимавате кога се движите по плажите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.