Во кафулето во тој момент, според изјавите на сведоците се наоѓале 25-годишен Филип Завадлав кој се сомничи за масакр и неговиот татко и брат. Тие мирно пиеле кафе.

Два часа и 45 минути по тројното убиство во Сплит, припадниците на полиција упаднале во кафулето Борсалино во Сплит.

Во кафулето во тој момент, според изјавите на сведоците се наоѓале 25-годишен Филип Завадлав кој се сомничи за масакр и неговиот татко и брат. Тие мирно пиеле кафе.

На снимката не се гледа чинот на апсењето на убиството, но се гледа постапката на полицијата. Индекс.хр пишува дека на снимката се гледа и момче со бела капа. Наводно се работи за братот на убиецот.

Само неколку минути подоцна, полицајците од кафулето го извеле и братот на Филип, во случај да има информации кои би биле корисни во расветлување на ова тешко злосторство.

Полицијата исто така соопшти дека оружјето со кое биле убиени Јурица Торлак, Марино Ожиќ Паиќ и Марин Бобан било пронајдено во Варош во Сплит.

Пушката калашников е најдена во контејнер околу 16.45 часот, на неколку стотици метри од местото на тројното убиство, при кое биле испукани најмалку 36 куршуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.