Силниот земјотрес кој вечерва е регистриран кај Петриња во Хрватска предизвикал оштетувања на дел од објектите, но како што јавуваат хрватските медиуми главно на оние објекти кои беа оштетени од силниот земјтрес кој го погоди овој дел на Хрватска пред крајот на старата година.

Засега нема информации за евентуално настрадани лица, а градоначалникот на Петриња најави евакуација на центарот на градот, бидејќи како што рече таму се најголемите штети и опасно е останување на луѓето во тој дел на градот.

И жителите на Сисак ги напуштија своите домови стравувајќи од нови потреси.

Во Глина се урнати две куќи, кои беа општетени од претходниот силен земјотрес, оштетувања има и на зградата на полицијата во Петриња.

Градоначалникот на Петриња вели дека состојбата е катастрофална, а голем дел од граѓаните со коментар дека ниту психички повеќе не се во состојба да ја издржат оваа ситуација.

Ова е снимката од моментот на вечерашниот земјотрес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.