За неколку месеци започнува снимање на серија за некогашната прва дама на СФРЈ, Јованка Броз. Серијата ќе го прати нејзниот живот од младоста како Партизанка, доаѓањето кај Тито, животот со него и страдањата по неговата смрт.
Улогите на Јованка ќе ги играат Слобода Мичаловиќ и Мира Фурлан. Како што пренесуваат српските медиуми во серијата ќе биде прикажана сцена од секс помеѓу Тито и Јованка.
Некогашната прва дама на Југославија Јованка беше во брак со Јосип Броз Тито од 1952 година па се до неговата смрт во 1980 година.
Адвокатот Тома Фила кој беше добар пријател со Јованка и кој се бореше таа да ги има сите права, раскажува дека таа многу го сакала Тито за кого се омажила многу млада. Според Фила, таа била спремна на се за Тито, па дури и да убие.
Во Франција дошло до инцидент, на балот од торбата на Јованка испадна а обезбедувањето брзо тоа го скри. Тито имаше голема доверба во неа па затоа Јованка носеше пиштол за ликвидација. Ако службите затаа таа требаше да го заштити со својот живот и да загине-открива Фила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.