Поради сомнение дека извршил кривично дело искористување деца за порнографија, во Ровињ во Хрватска, е приведен 44-годишен руски државјанин.

Тој е приведен откако полицијата постапила според пријава дека на плажа во хрватскиот туристички центар, Русинот снимал и фотографил голи деца.

Полицајците му одзеле три мобилни телефони, камера, смарт часовник, УСБ и мемориска картичка, по што по пребарување, пронашле фотографии со инкриминирачка содржина.

Осомничениот По завршувањето на криминалистичкото истражување, осомничениот бил одведен во притвор во истарската полициска управа.

Како што објави Хина, истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.