Мaкедонското друштво „Илинден“ од Тирана бара итни мерки од албанската Влада откако снегот ги блокираше сите патишта за Македонците во Гора.

Во реакцијата стои дека врнежите од снег во изминатите денови, целосно ги блокирале селата во ова област, во северниот дел на Албанија.

Како последица на високата снежна покривка, чија дебелина е и над еден метар и минусните температури сите патишта што ја поврзуваат областа Гора се целосно блокирани. Сите села се отсечени од светот и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, а набрзо ќе се појави и недостиг на прехранбени артикли, стои во реакцијата.

Бараат албанската Влада и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се одблокираат патните правци во областа Гора.

Областа Гора опфаќа девет села во кои живеат околу девет илјади Македонци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.