Популарното загрепско излетничко место Сљеме денеска беше прекриено со снег.

На снимките, кои ги објавија хрватските медиуми, се гледа дека шеталиштето е целосно празно. Зелените површини и клупите се бели од снегот и дува ветер.

Зимата се вратила во поголемиот дел на Хрватска. Денешниот ден бил студен, облачен и магловит, а температурите некаде биле измерени околу нула степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.