Снег во моментов паѓа во голем дел од Србија, а во поедини краеви на граѓаните и возачите и задава големи проблеми.

Поради снежните врнежи запрен е сообраќајот за товарни возила со приколки и полуприколки на делниците на државниот пат од Бистрица до Борова Глава кај Нови Варош. Возачите се советуваат да користат зимска опрема, да ги почитуваат ограничувањата за брзина и да се прилагодат на брзината за движење по зимски услови на пат. Се советуваат сите учесници во сообраќајот, поради своја безбедност и безбедноста на другите учесници, да ги почитуваат соoбраќајните прописи и да ја прилагодат брзината на движење.

И во поедини делови во Белград во текот на попладнето почна да веее снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.