Последиците од посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Србија поради максималната безбедност најмногу ќе ги почувстуваат белграѓани, посебно оние кои живеат или работат во зградите кои се наоѓаат вдолж трасата по која е планирано да помине Путин и неговата свита.
Освен ограниченото движење околу зградите, жителите на зградите се однапред замолени денеска да не отвораат прозорци и да не ги креваат ролетните. Исто така се замолени да нема алишта на терасите. На крововите на зградите има снајперисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.