Косовската полиција објави фотографии од денешната заплена на стока во северниот дел на Косово, од како што ја нарекоа – акцијата против шверц во северно Косово. Епилогот се шест повредени полициски службеници, три лица уапсени и Србин кој се бори за живот повреден во престрелката.
Косовскиот премиер Албин Курти преку „Фејсбук“ напиша деа дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица. Според него, на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека е спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд. Курти објави дека „се запленети стоки што претставуваат материјални докази“.
Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат потиснати. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа, напиша Курти.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово. Реакцијата на Борел доаѓа по денешните акции на косовската специјална полиција на повеќе локации на северот од Косово, при кои дојде до судири со српското население.
Српската премиерка Ана Брнабиќ ги повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР, итно да реагираат и да го спречат Албин Курти.
Ситуацијата е повеќе од драматична и ова е последниот момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина. Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос, рече Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.