Српката полиција приведе двајца државјани на Македонија, М. J. (1975) и А. J. (1992), со пребивалиште во Темерин (Војводина), под сомнение дека сториле кривично дело непостапување според законска регулатива за време на епидемија, соопштија од министерството за внатрешни работи.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата македонци се сомничат дека во својот локал во Темерин им служеле пијалоци на гостите, со што ги прекршиле прописите за работа за време на епидемија.
Ним им е одреден притвор до 48 часа, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Нови Сад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.