Еден албански државјанин, кој повеќе од 25 години се обидува да го приватизира својот имот, на интернет објави снимка за понудата која му ја дала една службеничка во Министерството за финансии на Албанија.
На снимката се гледа како службеничката Мона Аликај му нуди помош. Таа му гарантира дека ќе му го реши случајот, но тој ќе треба да подмачка малку кај неа, малку повеќе кај министерот. За да ја проследи работата до министерот, службеничката побарала 800.000 леки, односно 6.000 евра, а, пак, за министерот да му ја оконча голготата требало да лизнат милион леки, односно повеќе од 8.000 евра.
Случајот кој трае повеќе од 25 години ќе биде решен за 5 месеци, може, го прашува таа на снимката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.