Млаѓан Радивојевиќ од Алексинац е првото украдено бебе кое успеа да докаже дека во Србија и СФРЈ на големо се тргувало со бебиња, како што тврдат многу родители.
На фотографијата Млаѓан е со својата биолошка сестра и ДНК анализа, која потврдува дека бил украден во родилиште и продаден на друго семејство, пренесува Мондо.рс.
Пред четири годинисо Здружението за вистина и правда за бебиња поднел кривичина пријава дека бил киднапиран од мајка му уште во родилиштето во Општата болница во Крушевац. Оттаму бил однесен во Алексинац и прераден на семејството Радивојевиќ, кое немало деца.
Млаѓан првпат се посомневал дека е посвоен кога се женел, бидејќи неговиот извод од матичната книга на родените не одговарал на податоците на неговите родители. Неговата голгота трааела неколку години, бил често на медиумите во Србија, па така неговиот случај стигнал и до неговата мајка, која ја иницирала ДНК анализата.
Сега тој ги пронашол своите биолошки родители со ДНК анализата. Тие живеат на околу 30 километри од Крушевац.
Имам сестра, мајка и брат. Знам чиј сум, вели Млаѓан.
Неговата сестра Марина изјави дека е пресреќна, но дека за целата приказна дознала пред два дена, бидејќи мајка ѝ никогаш ништо не спомнала.
Радиша Павловиќ, член на Комисијата што стои зад истрагата за кражба на исчезнати бебиња, најави дека Здружението ќе иницира формирање специјално обвинителство за украдени бебеиња.
Презентиравме докази, не приказни. Факт е дека се краделе бебиња. Редно е државата да признае. Не велам дека и денес тоа се прави, ама ете, докажавме дека во монатото се правело. Решивме случај од 1981 година.Го најдовме семејството, кругот се затвори, вели Павловиќ.
Млаѓан е првиот докажан случај на оваа афера. Многу родители се уште ја бараат вистината за бебињата за кои се тврди дека биле украдени од породилиштата во поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.