Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што почнува вечерва во Брдо кај Крањ, словенечката Влада одлучи денеска и утре да го ограничи или забрани движењето во области или јавни места во Љубљана, Блед и Брдо кај Крањ.

Како што е наведено во официјалното соопштение, ваквата одлука е донесена за да се спречи можно сериозно нарушување на редот и мирот.

Од утрово веќе се поставени заштитни огради во центарот на Љубљана, а припадници на полицијата се на терен.

Словенија е домаќин на Самитот како земја претседавач со Европската Унија, а денеска се очекува доаѓање на претставници на ЕУ и земјите од Западен Балкан, бидејќи за вечерва е планирана неформална вечера.

Одлуката на Владата за ограничено движење во одредени области и овозможува на полицијата да преземе акција против групи што ќе се соберат во областите опфатени со забраната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.