Владата на претходниот словенечки премиер, Миро Церар тајно купила четири блиндирани возила, од кои два „мерцедеса“ како тој за кој поранешниот македонски премиер Никола Груевски беше осуден на две години затвор.

Според весникот „Финанц“, двата „мерцедеса С 600 гард“, со поединечна цена 600-700 илјади евра, слично како тој за кој се товареше Груевски, пристигнале минатата есен. Другите две блиндирани возила се од марката „БМВ Х5“, со вкупна цена од 400 илјади евра.

За сите четири автомобили Министерството за внатрешни работи не ја коментира цената, повикувајќи се на доверливоста на податоците.

Возилата не се евтини, но Словенија не може да си дозволи да му се случи нешто на ниту еден странски државник на нејзина територија. Со тие возила нема да се возиме јас или министрите, тие се наменети за странски делегации, изјавил сегашниот премиер Марјан Шарец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.