Во Словенија за првпат од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 2.000 нови случаи на Ковид-19 за еден ден. По извршени 7.471 тест регистрирани се дури 2.605 заразени, што значи дека речиси 35% од тестираните биле позитивни.
Како што објави националната телевизја РТВ, 612 луѓе се на болничко лекување од кои 99 се на интензивна нега.
Со новите податоци, во последните 14 дена бројот на заразени на 100.000 жители се искачи на 872.
Досега, вкупно 28.208 луѓе се заразени од почетокот на епидемијата, а, според Националниот институт за здравје во моментов има 18.269 активни случаи во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.