Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, изјави изјави заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница.
Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици, рече Сеница.
Полицијата ќе го интензивира надзорот на делови од границата кои се во надлежност на полициските управи на Љубљана, Ново Место и Копер, кои инаку најмногу се изложени на нелегалните премини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.