Словенија повторно ќе почне со подигање на заштитна ограда на границата со Хрватска со цел да ја спречи илегалната миграција, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Ова во интервју за Демокрација го најави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс, според кого „потребно е заштитна ограда да се постави по должина на целата граница“. Тој најави и дека ќе биде поставена дополнителна техничка опрема за надзор на граничната линија.
Не можеме да знаеме дали повторно ќе има мигрантски бран, но ние треба да бидеме подготвени да ја заштитиме границата на најдобар можен начин – изјави Хојс.
Хојс во интервјуто кажа дека ако во Словенија би имало „медиумски баланс“, армијата на јужната граница веќе ќе имаше поголеми овластувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.