Словенија од денеска пушти во употреба станици за брзо тестирање на корона вирус на пет гранични премини со Хрватска, како и на аеродромот во Љубљана.

Воведено е правило за задолжително тестирање на сите патници кои пристигнуваат од земји од т.н. црвена листа кои немаат негативен резултат на ПЦР тест не постар од 48 часа.

Сите оние кои одбиваат да бидат тестирани или се позитивни, ќе бидат вратени во земјата од каде што доаѓаат, а сите кои се позитивни ќе мора да одат во карантин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.